ЕкономијаМакедонија

Помали бирократски бариери за поголем профит

Помали бирократски - Работник
203views

Помали бирократски бариери за слободен проток на стоки и услуги, хармонизирање на регулативите и сертифицирање, бара бизнисот за поголема трговска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Предизвик за сите во регионот е прашањето за човечкиот кадар. Посочуваат дека нема кадри, особено со стручно образование, па компаниите мора сами да ги доедуцираат нововработените.

Има проблеми околу новиот концепт на преминот Табановце- Прешево, но сѐ уште трае периодот на приспособување, вели српската амбасадорка во земјава. Според неа, моделот има перспектива и ќе профункционира. Преминот Лојане- Миратовац пак, ќе биде резервен, ќе се користи за шпиц сезона, рече амбасадорката Дивјак- Томиќ. Иницијативата „Мини Шенген“ ја посочи како можност за поголема соработка, објави МТВ 1.

Целосниот текст прочитајте го тука