Помалку работа, повеќе баланс? Просечното работно време во ЕУ опаѓа
Во 2024 година, просечното неделно работно време за работници со полно и скратено работно време на возраст од 20 до 64 години во Европската Унија на нивната главна работа изнесуваше 36 часа, што е намалување во однос на 37 часа во 2014 година.
Подеталниот поглед на земјите од ЕУ открива значајни разлики, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.
Во 2024 година, најдолги работни недели се забележани во Грција (39,8 часа), Бугарија (39,0), Полска (38,9) и Романија (38,8).
За разлика од нив, Холандија имаше најкратка работна недела (32,1 часа), по што следуваат Данска, Германија и Австрија (по 33,9 часа).
Активностите со најдолга работна недела во ЕУ во 2024 година биле земјоделство, шумарство и рибарство (41,2 работни часа), рударство и вадење камен (38,8) и градежништво (38,7), додека најкратки работни недели се забележани во активностите на домаќинствата како работодавачи (26,7), образование и уметност (31,9) и забава и рекреација (32,9).