- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Поради Брегзит, Франција доби речиси 5,000 работни места во финансискиот сектор

Гувернер на француска Централна банка- Работник
127views

Поради Брегзит, од Лондон во Париз се пренесени 4.735 работни места во финансискиот сектор, објави француската лоби група Париз Еуроплас.

Париз Еуроплас објави дека претежно финансиери се преселиле од Лондон во Париз. Меѓу компаниите кои ги преместија вработените се ЏП Морган и јапонска Номура, како и француските БНП Парибас и Сошиет џенерал, кои имаат големи бизниси во Велика Британија.

Вклучувајќи компании надвор од финансии, во сектори како што се здравството или автомобилската индустрија, Париз Еуроплас проценува дека Брегзит го зголемил бројот на работни места во Франција за 9.516.

По референдумот за Брегзит, европските метрополи се обидуваат да привлечат деловни активности од Лондон, особено од банки и управители на средства и други компании за финансиски услуги.

Бројот на преместени работни места е се уште помал од оние што останаа во Лондон и далеку помал од првичните проценки веднаш по гласањето за Брегзит, според кои десетици илјадници работни места ќе бидат пренесени преку Ла Манш.

Проценките за загубите на работното место во Велика Британија се разликуваат. ЕУ Консалтинг во октомври објави дека повеќе од 7.500 работни места во финансискиот сектор, но и илјадници милијарди фунти средства веќе отишле во ЕУ.