Поради инфлација работниците излегуваат на улица – откажани и сите летови

Најголемиот аеродром во Белгија, Брисел Завентем, нема да реализира половина од летовите планирани за утре поради штрајкот и протестот на синдикатите, поради што ќе бидат прекинати сите летови од базата на Рајанер во градот Шарлроа.

Синдикатите организираат протестни маршеви до Брисел поради намалувањето на куповната моќ на граѓаните, пренесува Ројтерс.

Аеродромот Завентем, кој опслужуваше околу два милиони патници во септември, најави дека очекува сериозни прекини во работата поради штрајкот, како и дека голем број летови се откажани или одложени за да се избегнат долго чекање и доцнење.

Вториот по големина аеродром во Белгија, кој се наоѓа јужно од Брисел во градот Шарлроа, објави на својата веб-страница дека ги откажува сите летови закажани за среда, пренесе Ројтерс.

Во среда во Брисел е закажан протест на работниците од целата земја, а нивните барања се однесуваат на повисоки плати и подобрување на условите за работа.

Годишната инфлација во Белгија достигна 12,27 отсто во октомври, што е највисока стапка од јуни 1975 година, со зголемување на цените на храната и енергијата, потсетува британската агенција.

Фото: Профи