- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Поради пандемијата во Германија забележани се најмал број на работни часови во последните 30 години

Работниците во Германија - Работник
293views

Во Германија поради пандемијата забележан е најмал број на работни часови од обединувањето на земјата, соопшти денеска Федералната агенција за труд.

„Просечниот број на работни часови  по вработен е намалена за повеќе од 50 часа во 2020 година“, рече Енцо Вебер од Институтот за истражување на пазарот на трудот, кој работи во рамките на Федералната агенција за труд, објави Хина.

Минатата година, бројот на работни часови се намали за 4,7 проценти во споредба со претходната година, па така на крајот на 2020 година тој изнесуваше 59,64 милијарди работни часови, што е најниска вредност забележана во последните 30 години.

Минатата година поради вируост  падна вкупниот број на вработени, првпат во последните 16 години.

Вкупно 44,8 милиони луѓе беа вработени во Германија на крајот на 2020 година, што е за 1,1 процент помалку отколку во 2019 година.

Падот на бројот на работни часови во најголем дел е поврзан со мерките за воведување скратено работно време во производствените активности за време на строгите мерки.

Минатата година, 2,9 милиони вработени беа погодени од намалувањето на работното време, што е скоро три пати повеќе отколку во кризната 2009 година, кога владата исто така субвенционираше работа со скратено работно време како механизам за заштита на претприемачите од банкрот.