Занимливости

Поради традицијата го сменила личниот опис: Жена со тетоважа на лицето води национален дневник

Поради традицијата - Работник
161views

Обичаите, нормите и уверувањата опстануваат со векови во поединечни социјални заедници. Силно влијаат на животот на поединечни членови, а многу се подготвени на се за да им оддат почит. Триесет и пет годишната Орини Каипара го исполнила својот животен сон. Истетовирала традиционална тетоважа на брадата која е главно обележје на жените од племето Маори. Со тоа, таа станала првата водителка која на телевизија се појавува со облежје на народот од Нов Зеланд, пишува Боред Панда.

 

Каипара е мајка на четири деца и живее во Окланд. Вработена е на националната телевизија на Нов Зеланд. Во 2017 година направила ДНК тест и резулатите потврдиле дека таа е стопроцентен потомок на староседелците од остров во Океанија. Поради тоа одлучила да истетовира „моко каиеа“, тетоважа која засекогаш го менува личниот опис.

Нејзините надредени во потполност ја прифатиле нејзината одлука да истетовира тетоважа на брадата, но нејзниот потег предизвикал реакции на публиката. Во коментарите се издвојува приказната на Таж Анвара Баол кој зборува за своето работно искуство. Неговата колешка после иницијациите од својата родна Самоа дошла на работа со тетоважа на лицето и избричена коса. Реакциите во околината биле различни, но Баол вели дека никој не смее да доживее осуда поради традициите на својот народ. Тој додава дека дури се и одвишок прашањата за ритуалите во кои настануваат ваквите тетоважи и што и значат на личноста која ја поминала иницијацијата.

 

Каипара се надева дека нејзниот потег ќе ги охрабри нејзните сонародници да се вратат на традицијата.

„Реакциите на околината беа неверојатни. Некои беа рамнодушни, а некои сакаа да ме понижат. Направив се што сакав и задоволна сум поради тоа. Верувам дека мојата тетоважа ќе ги натера жените од племето Маори да направат моко. Не сакам да бидам сама во оваа приказна“, вели Каипара.