СветСветот на работникотСиндикат

Поради штрајкот три дена бил блокиран железничкиот сообраќај во Франција

Поради штрајкот три дена бил блокиран - Работник
127views

Во Франција три дена се одвиваше штрајк кој го прекинал сообраќајот на возови, што би можело да потрае бидејќи се заострува тонот помеѓу синдикатите и железничките превозници од една страна и Владата од друга.

По државната железница СНЦФ вчера ситуацијата била подобра во областа на Париз, но „многу било тешко“ во западниот дел на Франција.

Персоналот на СНЦФ прекинал со работа поради железничка несреќа која, како што велат, потврдува дека има недостаток на персонал.

Поради тоа бараат „право на пензија“ во случај на „сериозни и непосредни опасности по животот или здравјето“. Но, управата на СНЦФ и Владата сметаат дека тоа не би било оправдано и штрајкот бил прогласен за нелегален.

Несреќата која се случија во средата навечер, ги разгневила железничарите. Возот помеѓу Шарелвил – Мезиера, кај белгиската граница и Ремса, 85 километри на југ, налетал на камионски конвој на преминот преку пругата.

Повредени биле 11 луѓе, меѓу кои и машиновозачот кој, иако бил повреден, морал да се грижи за патниците, бидејќи бил единствениот службеник на СНЦФ во возот, бидејќи има недостаток на кондуктери.

Синдикатите истакнале дека недостатокот на кондуктери претставува ризик по безбедноста на патниците, додека управата тврди дека тоа е така „веќе со децении“, како и дека со тоа се оспорува основаноста на сегашниот штрајк.