Поранешен одговорен во големи светски компании ја открил најголемата грешка која кандидатите ја прават на разговор за работа
- Вештачката интелигенција и иднината на работните места: Меч со две острици - 18/09/2024
- Овој град дава 900 евра за да се преселите во него - 16/09/2024
- Да ги задржиме оние кои ни останаа! - 14/09/2024
Клучен елемент при вработувањето е поврзаноста, но тоа е нешто што кандидатите често го занемаруваат во текот на интервјуто. Една од причините за тоа е што природно е описот на работното место или прашањата на работодавачот да се земаат за сериозно и едноставно да се дадат одговори на нивните прашања, пишува Businessinsider, пренесува Poslovni.hr.
Сепак, како што сугерира Брендон Саутерн, кој работел како шеф на аналитика во светските компании како eBay и Amazon, за да се вработите, треба да имате повеќе од искуство. Вие и вашето искуство морате да биде што е можно повеќе поврзани со работата за која аплицирате. Проблемот е во тоа што информациите кои ви овозможуваат да бидете поврзани не секогаш се јавно објавени.
Во најголем дел од случаите, кандидатот за вработување го прегледува огласот за работа, гледа дека постојат неколку основни и посакувани квалификации кои се бараат. Потоа, се пријавува за работата и ако има доволно среќа лицето за вработување да го контактира, кандидатот ќе има 30 минутен разговор со менаџерот за вработување во однос на позицијата.
Во текот на разговорот, кандидатот ќе настојува да се претстави во што е можно подобро светло, а и работодавачот ќе сака да се претстави себеси и својата компанија, додека истовремено ќе го проценува кандидатот кој на крајот на разговорот има прилика да постави одредени прашања. За жал, поголемиот дел од кандидатите или не поставуваат воопшто прашања или пак ги поставуваат оние кои нема да им помогнат во процесот на вработување.
Недостиг на поврзаност
Кандидатите често ќе поставуваат прашања за надоместоците, корпоративната култура, работата на далечина или за тоа зошто работното место е отворено. Но ретко кој кандидат ќе постави прашања за деталите околу работното опкружување. Ова е клучен пропуст, бидејќи без дополнителни поединечности, кандидатот пропушта да ја прикаже својата поврзаност со работата во текот на процесот на интервјуирање.
Препорачан пристап
Она што требало да го направите е да ги дадете одговорите кои директно ќе бидат поврзани со работодавачот кој го спроведува интервјуто, со цел да има чувство дека сте совршени за работната позиција.
Поради тоа морате однапред да најдете што повеќе информации за работата, тимот, опкружувањето, технологијата, предизвиците и зошто истите се важни за работата. Тоа од вас бара проактивно да дојдете на интервјуто со прашања и, ако е потребно, да закажете дополнителен состанок за дополнителни прашања.
Во текот на разговорот, вашата цел е што е можно повеќе да се запознаете со работата, речиси до точка до која можете да визуелизирате како е денес таму. Кога ќе ги добиете овие информации и јасна слика на предизвиците и опкружувањето, ќе можете да ги прилагодите вашите одговори и да се користите со одговорите кои можат да помогнат во текот на интервјуто.
Ако го третирате разговорот за работа како мисија за утврдување на факти, ќе бидете подготвени да ги дадете најдобрите одговори. Тоа ќе ги зголеми вашите шанси за успех во текот на интервјуто. Без овие информации му препуштете се‘ на случајноста, надевајќи се дека работодавачот ќе заклучи оти сте добар кандидат за работата, а тоа, како што напоменува Саутерн, никогаш не е добра стратегија.
Извор: Poslovni.hr
Фото: Pixabay