Светот на работникот

Поранешните вработени во АД Охис протестираа пред Владата

Поранешните вработени во АД Охис протестираа пред Владата - Работник
323views

Поранешните вработени на АД Охис протестирале пред Владата, барајќи ги неисплатените плати и придонеси пишува Република.

Според Република тие протестирале два дена во неделата веќе седум месеци, но досега од нивниот протест не се покажал никаков ефект.

„Доаѓаме секој вторник и петок тука пред Владата. Не имаат примано неколку пати, но нема никаков ефект. Неисплатени за својот труд останаа околу 1 000 вработени, од кои на околу 700 од нив ни должат по 24 плати. ОХИС беше огромна фирма и има голем имот, но ние, поранешните вработени останавме неисплатени. Еднаш не прими и министерот Шапуриќ кој делуваше дека воопшто не е ниту запознаен со нашиот проблем, објаснува разочараниот стечаец на ОХИС кој инсистираше да остане анонимен и додаде дека повеќето од нив не веруваат дека Владата ќе го реши нивниот проблем“, истакнува Република.

Тие и денска два часа протестирале, искажувајќи го своето незадоволство. Велат дека се чесни работници и само си го бараат своето.

Извор: Република