ПравдаСветот на работникот

Поранешните вработени во Охис излегоа повторно пред Владата

Поранешните вработени во Охис излегоа повторно пред Владата - Работник
313views

Некогашните вработени во фабриката Охис која веќе неколку години е во стечај, откако не се продаде на 13 тендери, денеска повторно излегоа пред Владата, блокирајќи ја Илинденска, за да го искажат својот револт.

Како што велат, не се откажуваат од заработените 24 плати кои со години не им се исплатени од државата. Тие наведоа дека имаат судска одлука која налага да им се исплатат заостанатите плати.

Еден од поранешните вработени истакна дека осумстотини луѓе чекаат да им се исплатат 24 – те плати. Веќе неколку пати биле на разговор со владини претставници, стигнале и до премиерот Заев, но од тогаш поминале осум месеци, а тие не добиле никаков одговор.

Поранешните вработени на Охис рекоа дека доколку во скоро време не дибијат одговор, тие ќе постават шатори пред Владата.