ПравдаСветот на работникот

Поранешните вработени на „Охис“ денеска повторно протестираа

Поранешните вработени на „Охис“ - Работник
173views

Поранешните вработени во „Охис“ денеска повторно излегоа на протест пред Владата блокирајќи дел од булеварот „Илинден, поради незадоволството од неисплатените плати.

Тие секој вторник и петок ги потсетуваат властите дека треба да им се исплатат 24 плати и придонеси од плата за 16 месеци. Според информациите, поранешните вработени имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година. Пред три дена поранешните вработени на „Охис“ добија ветување од Владата дека во петок, односно денеска ќе имаат средба, пишува Слободен печат.

Бидејќи фабриката била во доминатна сопственост на државата, тие очекуваат Владата да им ги исплати платите.

Тие досега повеќе пати протестираа искажувајќи ги своите барања, а оствариле и неколку средби со претставници на Владата на кои добиле ветувања кои досега не им се исполнети.