ПравдаСветот на работникот

Поранешни вработени во „Типо“ бараат забрзување на судските постапки за нивните побарувања

Поранешни вработени во „Типо“ - Работник
170views

Поранешни вработени во АД „Типо“ денеска на средба со претседателот на Основен суд Скопје 2 Илир Сулејмани ги претставија проблемите со кои се соочуваат за исплата на побарувањата по основ на плати за последните пет години пред прогласувањето стечај во ова акционерско друштво во 2005 година, но и постапување на Судот за вложените жалби за износот на стажот, како и ревизија на постапките за имотот – посочи за Медиумската информативна агенција, Снежана Тасевска, поранешна раководителка во АД „Типо“.

Тасевска рече дека го информирале Сулејмани и за нивните жалби затоа што им бил исплатен стаж  на минимален износ, а како последица на тоа имаат многу мали пензии и покрај многуте години работен стаж. Бараат и ревизија на целата постапка за имотот на „Типо“, и како што вели Тасевска нелогичното побарување од УЈП на персонален и данок на плати иако платите не се исплатени, пишува ММС.

Целосниот текст прочитајте го тука