ЕкономијаМакедонија

Порано „Џонсон Мети“ и „Ван Хол“ вработуваа, денес отпуштаат работници

206views

Поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, бројот на лица во Македонија кои остануваа без работа од ден на ден се повеќе се зголемува.

За ова говори и податокот каде од почетокот на пандемијата до денесс околу 40.000 лица останаа без своите работни места. Но, Владата на СДСМ како да нема слух за сето ова. Иако тие се фалеа дека понудиле три сета на мерки се со цел да им се помогне на компаниите, тоа не даде никакви позитивни резултати, ниту мерките се реализирани.

Деновиве се појави информација во која се вели дека од компаниите „Џонсон Мети“ и „Ван Хол“ се отпуштени работници кои биле ангажирани на неопределено време.

Околу 60 работници со постојано вработување и повеќето од нив вработени од основањето на компанијата во земјата, се отпуштени на крајот од минатата недела во две групи од по 30-мина. Со работниците биле постигнати договори да добијат како технолошки вишок шест просечни плати пресметано од последните шест месеци. Велат дека иако првично тоа не им се допаднало, на крајот сето тоа требало да изгледа како спогодба со производителот на катализатори, кој на глобално ниво донесе одлука за систематизација, според која од 1 октомври треба да се намалат 20 отсто од работните позиции и да се укинат одредени оддели, се вели во веста која ја пренесува „Фактор“.

Директорот на „Ван Хол“, Аврам Стојчевски пак вели дека имале намален број на работа што се должи на намалената побарувачка од странство и поради тоа биле принудени да го редуцираат бројот на вработени.

Само за потсетување „Џонсон Мети“ и „Ван Хол“ се компании кои се отворија во 2015 кога владата беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Имено владата на ВМРО-ДПМНЕ беше позната како влада која донесе голем број на странски инвестиции и благодарение на ние голем број лица добија свои работни места. Други познати инвестиции кои успеа да ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ се „Вистеон”, „Кемет електроникс”, „Текнохозе”, „Протек” и „Дијатек”.

Според ова може да се заклучи дека владата на СДСМ не само што не носи нови странски инвестиции се со цел да се намали невработеноста на земја, тие не успеваат да ги задржат и тие кои биле донесени претходно.

Извор: Лидер