ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Пораснала просечната бруто плата во Македонија

107views

Во август македонските работници во просек примале нето плата над 27.000 денари. 

Просечната бруто плата изнесува 41.070 денари и има раст од 10 отсто.

Ова го покажуваат статистичките податоци на Државниот завод за статистика. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година, изнесувала 27.535 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, изнесува 109,6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (20,4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (16,9 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (13,2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација (18,4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (9,0 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,7 %).

Извор: Фактор.мк