ЕкономијаСветСветот на работникот

Пораснала стапката на невработеност во еврозоната

Пораснала стапката на невработеност -Работник
121views

Стапката на невработеност во еврозоната се зголемила во април на 7,3 отсто во однос на март, кога изнесувала 7,1 отсто, поради блокада на работните активности предизвикана од пандемијата.

Во април пораснала и стапката на невработеност во ЕУ на 6,6 %, во однос на нивото од март, од 6,4 %, покажуваат податоците од официјалната веб страна на Евростат.

Според процените на европските статистичари, во 27 – члениот блок во април имало околу 14,08 милиони невработени жени и мажи, од кои речиси 11,92 милиони се во еврозноната.

Во однос на март 2020, бројот на невработени во ЕУ се зголемил за 397,000 луѓе, а во еврозоната за 211,000. Податоците покажуваат дека губењето на работните места најмногу ги погодило младите луѓе, со оглед на тоа дека во еврозоната стапката на невработеност помеѓу младите од 25 април пораснала за 15,8 %, во однос на минатиот месец, кога изнесувала 15,1 %.

И во ЕУ невработеноста на младите забележала раст во април од15,4 отсто, од мартовското ниво од 14,5 отсто.

Невработеноста на младите е особено застапена во некои од земјите кои се во еврозоната. На пример, во Шпанија достигнала 33,2 % во април, во Италија изнесувала 20,3, а во Франција 21,8 %.

Податоците за Грција не се објавени за март или април, но веројатно ќе бидат уште полоши, со оглед на тоа дека стапката на невработеност во оваа земја изнесувала 35,6 отсто во февруари.

Дури и во Шведска која не вовела строги мерки за забрана на движењето поради пандемијата, стапката на невработеност во април достигнала 24,4 отсто.

Најголемата европска економија, Германија, ги објавила податоците за невработеноста во мај, според кои стапката пораснала на 6,1 отсто, во однос на април кога изнесувала 5,8 отсто.

Фото: Pixbay