- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Порше отвора центар во Загреб, ќе вработи 100 лица

Порше отвора - Работник
141views

Хрватската ИТ компанија Инфинум и подржуницата на германскиот Порше ја стартуваат компанијата Порше дигитал Кроејш за дизајн, развој на софтвери и вештачка интелегенција. 

Во компанијата ќе вложат 10 милиони евра, најавиле двете компании на прес – конференција. 

Advertisement

Инфинум од основањето во 2005 година се занимава со дизајн и развој на софтвери, а новата компанија која ќе ја основа со Порше дигитал ќе биде развоен центар за дигитална технологија, пренесува порталот Индекс. 

„Компанијата која со работа на крајот од септември ќе се наоѓа во загребската Стројарска улица, а во следните три години планираме да вработиме 100 експерти кои ќе развиваат и дизајнираат дигитален софтвер, вештачка интелегенција, односно производи и услуги кои ќе го унапредат дигиталниот екосистем“, рекол Претседателот на управата и еден од основачите на Инфинум, Томислав Цар.  

Advertisement
Advertisement

Напоменал дека во новата компанија со Порше дигитал имаат еднакви сопственички удели, како и дека после 15 години производство на дигитални производи и пружање на услуги на големи проекти, во тоа партнерство гледаат прилика за креирање на дигиталната иднина. 

„Автомобилската индустрија се посилно се прилагодува на новите технологии и бизнис моделите, во што гледаме прилика и за наш развој, а и во бизнис плановите и заедничкото истражување на нови бизнис модели како брендот Порше, но и други, како Фолксваген.

Шефот на опрации во Порше дигитал Стефан Зервек оценил дека отворањето на компанија во сопственост на Инфинум и Порше се стратешки потфат за ширење на глобален иновативен екосистем. 

Advertisement