МакедонијаСиндикат

Последен предупредувачки протест на КСС

Последен предупредувачки протест на КСС - Работник
1.1Kviews

На 8 јуни, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС ќе организи последен предупредувачки протест, истакнуваат на нивната веб страна.

Гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, неколку месеци наназад се обидуваат да воспостават социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи со цел преку дијалог, разрешување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените во јавниот сектор, како и поставување на неколку легитимни барања за подобрување на социо-економскиот статус на нашите членови и вработени во одредени државни и јавни институции, пишува на веб страната на КСС.

Тие истакнаа и дека во изминатиот период КСС ги исцрпи сите демократски можности за остварување на социјалната правда преку фер и конструктивен социјален дијалог, па затоа во последните месеци го промени курсот на делување и одпочна со организирање на локални социјални протести.

Од КСС уште еднаш ги повторија нивните барања, меѓу кои се пристојна плата за пристоен живот, односно зголемување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата од 1 јануари 2019 година, согласно законот за минимална плата; КСС бара и Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор, истакнувајќи дека треба да ги замрзнат вработувањата, се додека по природен пат, со пензионирање не се намали бројот на вработени; Бараат К-15 да се признае исто како во приватниот чекор и бараат целосно да се почитуваат законите и колективните договори.

Извор: КСС