- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

После 6 години: Од 1 јануари полесно до работа во јавниот сектор

После 6 години - Работник
720views

Од 1 јануари следната година до 31 декември 2023 година, ќе биде олеснето вработувањето на определно и неопределено време во јавниот сектор во Србија, откако шест години во сила била забраната за вработување во овој сектор. 

Тоа предвидува измени и дополнувања на Законот за буџетски систем, кој се наоѓа во собранска процедура, а во која е наведено дека на корисниците на јавните средства во наредните три години ќе им биде дозволено да, без посебни дозволи и согласност на Владата на Србија, да примат нови луѓе како приправници. 

Меѓутоа, државните претпријатија и установи ќе можат во редовен работен однос да примат ограничен број на нововработени кој не смее да биде поголем од 70 % од вкупниот број на оние чиј работен однос престанал претходната година. 

За примање на работници над дозволениот процент ќе одлучува Владата, со претходно мислење на Министерството за финансии.

Во законот се наведува и дека вработувањето ќе биде дозволено доколку претпријатието или установата во државна сопственост, има обезбедно средства за плати кои ќе бидат одданочени, како и придонеси за нововработените, како и во согласност со процедурите предвидени со посебните прописи.

Овие ограничувања не се однесуваат на судиите, јавните обвинители и замениците на јавните обвинители, наставниот персонал, високо образовните установи и научен и истражувачки персонал во научно – истражувачка организација акредитирана во согланост со законот.

Не се однесуваат и на поставени или именувани лица во државните органи и органите на едниците на локалната самоуправа, како ни на директорите на јавните претпријатија, капитални друштва, установи и јавни агенции чии основач е Републиката или едниците на локалната самоуправа.

Ограничувањата не се однесуваат ни на лица со инвалидитет во согланост со прописите кои ја уредуваат областа за специјална рехабилитација и вработување на лица со инвалидитет. 

Advertisement