
Извештајот објавен во Melbourne Institute Worker Paper покажал дека постарите работници од 40 години се повеќе продуктивни кога работат три или помалку денови во неделата.
Истражувањето спроведено на 3,000 мажи и 3,500 жени кои одгговориле на прашањата за своите работни навики, решавале когнетивни тестови и донесувале заклучоци.
Тоа значи дека морале да читаат наназад, на глас и да спојуваат бројки со букви во ограничено време. Задачите ги решавале многу лесно до 25 часовниот работен час, а потоа станувале се послаби.
Изненадувачки е дека луѓето кои се во пензија, како и невработените постигнуваат подобри резултати на когнитивните тестови за интелегенција од оние кои работат повеќе од 55 часа неделно, а стандардното работно време е 40 часа неделно.
„Работата е сабја со две острици. Од една страна може да стимулира мозчен напредок, а од друга страна долгото работно време може да прични стрес и потенцијално да ги ослабе когнитивните функции“, нагласил еден од авторите на истражувањето, Колин Мекензи.