МакедонијаСиндикат

Постигнат договор: Платите на просветните работници се зголемуваат од јануари за 10 посто

Постигнт договор - Работник
282views

Платите на вработените во основното, средното и високото образование ќе се зголемат за 10 проценти од 1 јануари 2020 година, истакна Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на денешната прес- конференција по последната рунда на преговори со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

“Денеска донесовме одлука за историско покачување на платите во основното, средното и високото образование за 10 проценти“, рече Адеми.

Тој нагласи дека пред две недели на владина седница се донело одлука платите на вработените во јавните научни институции да им се зголемат за 25 проценти.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека барањето на синдикатот за зголемувањто на платите во основното, средното и високото образование од 1 јануари 2020 година било прифатено од страна на МОН.

„За таа цел сакам да истакнам дека во изминатиот тежок период на преговори со МОН и Владата разменивме конструктивни аргументи“, рече Неделков.

Тој истакна дека завршувањето на овие преговори е и почеток на нови рунди на преговори околу останатите барања на СОНК, како што се регрес за годишен одмор, враќање на трошоците кои се предизвикани од патувањето до работното место, реално вреднување на работата во комбинирани паралелки, реално исплаќање на дополнителните часови и т.н.

Платите на вработените во образованието се покачени за 21.3% за еден мандат, а од буџетот, заклучно со следното покачување, се издвоени 1,4 милјарди денари.