ЕкономијаСвет

Построги услови во Црна Гора – неопходна хипотека како гаранција за кредит во кеш

Построги услови во Црна Гора - Работник
54views

Од почетокот на годината, условите за добивање готовински кредит се затегнати во Црна Гора по одлуката на Централната банка. Имено, доколку граѓаните имаат намера да подигнат кредит во готовина во висина од повеќе од 8.000 евра, банките бараат и хипотека на недвижен имот како гаранција за долг.

Податоците на Централната банка на Црна Гора покажуваат дека готовинските кредити двојно се зголемиле во последните пет години. Ваквиот интензивен раст на готовинските кредити и високата задолженост на граѓаните мора да се контролира, особено кај несигурните готовински кредити. Затоа Централната банка реагираше минатата година и донесе макропрудентни мерки, со кои е утврдено дека банките од 1ви јануари треба да бараат целосен надомест при доделување парични кредити на лица чиј период на отплата е подолг од осум години.
Одборот на директори на Здружението на банки на Црна Гора ја третираше оваа мерка со свесност за различните пристапи и изложености на секоја одделна банка и ефектите од сличните мерки во регионот, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука