Наука

„Потенцијално опасен“ астероид ќе помине покрај Земјата на Божиќ

„Потенцијално опасен“ - Работник
214views

Научниците со години предупредуваат на тоа дека не е прашањето „дали“ туку „кога“ некој астероид ќе удри во Земјата и ќе предизвика катастрофа. Вселенските агенции ширум светот се подготвуваат за такво сценарио и разработуваат различни техники за „одбрана“.

Дека научниците не биле толку внимателни, покажува астериодиот кој ќе помине блиску до Земјата овој Божиќ.

Како што истакнуваат од НАСА, астероиодот кој би требало да ја помине Земјата некаде кај Божиќ (25 декември), спаѓа во категоријата „потенцијално опасни“ и ќе биде внимателно набљудуван.

Иако научниците астероидот кој се приближува до нашата планета го сметаат за опасен, тој во реалност ќе помине покрај Земјата на прилично голема оддалеченост. Отприлика на оддалеченост од 19 оддалечености од Земјата до Месечината.

Инаку, покрај Земјата постојано поминуваат астероиди со големина од неколку метри до неколку десетици метри и не предизвикуваат посебна загриженост помеѓу научниците. Меѓутоа, астериодиот 310442 (2000 CH59) поради својата големина е сепак поопасен. Имено, научниците проценуваат дека дијаметарот му е помеѓу 280 и 600 метри.

Сепак, не треба да се паничи. Нема да дојде до удар, армагендон и порпаст на човештвото. На мир ќе ја дочекаме и 2020 година, а научниците и понатаму со будно око ќе го следат небото над нас.