МакедонијаПравдаСветот на работникот

Потешко повреден работник на изградба на објект во Аеродром

Потешко повреден работник - Работник
143views

Еден работник бил потешко повреден додека работел на изградба на објект во општина Аеродром. Со случајот бил запознаен и трудовиот инспекторат.

„На 02 јули во 09.03 часот во СВР Скопје, К.Д. пријавила дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден С.М. (26) од село Ранковце, кривопаланечко, кој се повредил на работно место на објект во изградба на ул.„Милан Зечар“ во општина Аеродром, при што од лекар му била констатирана тешка телесна повреда“, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и со случајот бил запознаен и Државниот инспекторат за труд.