ЕкономијаМакедонија

Потпишани првите договори од вториот повик за млади земјоделци, на третиот поддршката до 20.000 евра

Потпишани првите договори - Работник
229views

– Во Министерството за земјоделство денеска беа потпишани првите договори од вториот повик за неповратна поддршка на млади земјоделци кои почнуваат земјоделска дејност.

Максималниот износ на поддршката е 10.000 евра, а во наредните денови треба да бидат склучени сите 102 договора од повикот.

Како што истакнаа министерот, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, проекти и бизнис планови од млади земјоделци има во сите региони. Ќе се набавуваат опрема за преработка, машини, млинови, но и добиток, како и пчели.

-Со оваа мерка им излегуваме во пресрет на младите земјоделци, на младите во руралните средини кои се наш приоритет. Би нагласил дека со последните законски измени поддршката од 10.000, ќе се зголеми двојно, на 20.000 евра, рече Димковски, пишува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука