ЕкономијаСветСиндикат

Потпишан колективен договор во рударскиот сектор во БиХ за 11,000 рудари

Потпишан колективен договор
154views
Колективниот договор за дејноста рударство денеска бил потпишан во седишетето на Владата на Федерацијата на БиХ во Сараево.
Во име на Владата на БиХ договорот го потпишал федералниот министер за енергија, рударство и индустрија Нермин Џинџиќ, а во име на репрезентативните синдикати, Самостојниот синдикат на работниците во рудниците на БиХ, претседателот Синан Хусиќ и Зијад Лачиќ, Претседател на Самостојниот синдикат на рударите во БиХ.

По потпишувањето, Министерот Џинџиќ рекол дека на задоволство на сите страни – двата репрезентативни синдикати, Управата на „Електропривреде“, Министерството и Владата на БиХ, ова е трети пат во овој мандат на Федералната влада да се потпише колективен договор во рударскиот сектор.

Според него, со овој колктивен договор се опфатени 11,000 вработени во рудниците

Од синдикатите навеле дека со овој колективен договор ќе се зголеми платата на час на рударите од сегашните 2,50 на 2,70 во шест рудници за јаглен, а со тоа ќе се зголемат и платите на рударите.