МакедонијаСиндикат

Потпишан колективниот договор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Потпишан колективниот договор - Работник
616views
Потпишан колективниот договор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ потпиша колективен договор на ниво на работодавач со кој се унапредуваат правата на вработените во истата, истакнаа од гранскиот Синдикат на администрација и државна управа на Македонија–САДУ.
Од синдикатот нагласија дека очекуваат овој колективен договор да се почитува од страна на работодавачот, но и дека треба да се цени и почитува од страна на работниците, бидејќи тој е од нивна полза.
„Ние се надеваме дека овој колективен договор ќе се применува целосно во пракса, од страна на работодавачот, но и им порачуваме на вработените да се држат до него и да ги исполнуваат одредбите кои ги има пропишано, бидејќи на тој начин и тие ќе можат да ги остварат нивните права“, истакнаа од САДУ.
Дел од одредбите кои ги содржи Колективниот договор, се: засновање на работен однос, работното време, прекувремената работа, паузите, годишните одмори, платеното отсуство, неплатено отсуство, заштита на работниците при работа, плата, додатоци и надоместоци на плата, информирање на работниците, стручно оспособување и усовршување на работниците, условите за работата на синдикалната организација, правото на штрајк, остварување и заштита на правата на работниците и мирно решавање на работни спорови.
Од САДУ додадоа дека преговорите за колективниот договор биле конструктивни и дека имало добра волја и од двете страни.
Имено, законите ги утврдуваат минималните стандарди, а колективните договори ги доуредуваат правата и обврските на работниците.