Потпишан Протокол за Соработка меѓу СПМ и НСПЦГ
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Потпишан Протокол за Соработка меѓу СПМ и НСПЦГ
Со особена чест и задоволство ве информираме дека на ден 13.05.2025 година во Охрид беше потпишан Протокол за соработка меѓу Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ претставуван од Претседателот на СПМ Орце Коцевски и Nezavisni sindikat policije Crne Gore – NSPCG претставуван од Претседателот на НСПЦГ Igor Rmandić
Овој значаен чекор претставува зацврстување на меѓународната синдикална солидарност, размена на искуства и заедничка заложба за унапредување на правата и условите за работа на полициските службеници.
Протоколот предвидува:
Заеднички активности и обуки, размена на добри практики, поддршка во синдикалното дејствување, градење цврсти партнерства засновани на доверба и почит…
Градиме мостови, не само меѓу институции, туку и меѓу луѓе кои се залагаат за достоинствени услови за секој полициски службеник.
Солидарноста нема граници!