ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Потполно промашена пропаганда: Макрон со карикатура ги разбеснил полициските синдикати

Потполно промашена - Работник
164views

Фотографија со познат карикатурист и маица со спорна карикатура за полициската бруталност се покажале како потполно пропагадно промашување на францускиот Претседател Емануел Макрон, бидејќи ги разбесниле полициските синдикати.

Макрон на незадоволство на полициските синдикат одговорил со зборовите дека мора да ја брани креативноста и слободата на изразување.

Полициските синдикати во Франција бесно реагирале откако фотографијата на Макрон со карикатурата станала вирална, пренесува бриселскиот портал Политико.

Грубото постапување на полицијата кон демонстрантите со месеци беше во главните наслови на медиумите, прво во текот на пресметките помеѓу силите на безбедноста и демонстрантите на простестите на „жолтите елеци“, а потоа и во текот на протестите против реформите на пензиоскиот систем.

Владата долго време ги одбивала обвиненијата за претерна употреба на сила кон демонстрантите.

Во текот на протестите во Франција, од крајот на 2018 година повредени се стотици луѓе.