ЕкономијаМакедонија

Потребни се млади стручни кадри, дуалното образование важно за успешна економија

Потребни се млади стручни кадри - Работник
164views

Дуалното образование и создавање млади квалификувани кадри според потебите на економијата е важно за економски успех и затоа треба да се вложат напори да се направи дуалното образование поатрактивно. Важно за успехот на германската економија е даулното образование, а со поддршка на оваа земја почнува да се воведува и во нашата земја.

Предизвиците на Македонија и на Германија се исти, младите луѓе преферираат академско образование и затоа сите треба да вложиме напори да го направиме дуалното образование. Во денешно време има голема конкуренција во академскиот сектор, а поголема побарувачка кај практичната работа. Затоа сме благодарни што тука имаме иницијатива за практично образование во секторот на банкарство и информатичка технологија. Германија секогаш ја дава поддршката на ова поле, изјави заменик-амбасадорот на Германија во земјата Ото Граф на средба организирана од страна на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

Академијата, подготвува сертифицирани кадри за работа во банкарскиот и ИТ секторот. Оттаму, како што наведуваат, сертифицирањето во овој сектор е уредено и дека треба да се поттикне дуалното стручно образование.

Во шест градови во земјава во 15 средни училишта веќе е воведено дуалното средно образование од учебната 2018/19 година.

„Министерството за образование и наука и Владата ја препознаа потребата од поврзување на потребите во економијата и образованието и пред две години почна полека сосредното стручно обраование. Преку стручното средно образование се обезбедуваат кадри за сите гранки“ порача заменик-министерката во МОН Елизабета Наумовска, која додаде дека имаме потреба од млади стручни кадри и дека државата има потреба од вакви кадри.

За потребата од практична работа, укажаа и претставниците од Комисијата за хартии од вредност, каде посочија дека овозможуваат обука и пракса преку програмата за практиканство.

Извор: Лидер