Наука

Потресни фотографии кои станаа светски симбол за загадувањето

Потресни фотографии - Работник
178views

Вознемирувачки фотографии од птица која своето младунче на плажа во Флорида го храни со отпушок од цигара, последните негови ги зазеде социјалните мрежи и светските медиуми, со што станаа својвиден симбил за еколошка закана која човекот ја претставува за Земјата и животот на неа.

Објавувајќи ги своите дела на Фејсбук, фотографката Карен Мејсон се поиграла со зборовите (случајно или намерно), односно со фактот дека на говорниот англиски јазик за отпушок се вели „cigarette butt“. На невнимателните пушачи им порачала: „Ако пушите, ве молам не ги оставајте зад себе вашите отпушоци“.

„Време е да ги очистиме нашите плажи и да престанеме да ги третираме како голем пепелник“ додала заедно со хаштагот #nobuttsforbabies.

Мејсон своите фотографии, фотографирани на плажата St. Pete’s Beach им ги отстапила на Индекс, а во коментарите објаснила дека птицата американски водосек (Rynchops niger) се храни така што со отоворен клун од површината на вода собира разни хранливи парчиња.

„Тие секогаш не гледаат што собрале. Оваа птица веројатно налетала на отпушак во плиткото“, напишала и додала: „ Луѓето никаде не одат без своите мобилни телефони, но очигледно не сакаат да се замараат со фрлање на отпушокот во кеса или корпа за отпадоци“.

Отпушоците – најбројно ѓубре на улиците и морињата

Според проценката на експерите, отпушоците претставуваат 30 до 40 проценти од ѓубрето кое се наоаѓа по улиците на градовите. Оттаму ги пере дождот и преку канализацијата одат во реките, за да конечено завршат во морињата.

Рејчел Кипен од организацијата Tobacco Education Coalition во Санта Круз предупредила дека отпушоците, според извештајот на Ocean Conservation, биле најчест вид на ѓубре кое минатата година било собрано од плажите ширум светот.

„Поголем дел на луѓето се слепи на нив“

„Тие се толку присутни што голем број на луѓе станаа слепи на нив. На улиците, по парковите и на плажите ширум светот годишно се фрлаат 4,5 билиони отпушоци“, рече таа и додаде:

„Тие филтри не претставуваат никаква здравствена корист за пушаците, но создаваат трајна закана за околината, посебно за океаните, а особено кога неправилно се отфрлаат, во најголем број на случаеви.

Филтрите од цигарите се штетни и за луѓето

Последното тврдење на Кипен е дефинитивно точно; тоа не е некоја нејзина антипушачка, активистичка пропагнада. Филтрите кои во средината на 20 век ги измислила индустријата за цигари, за да цигарите изгледаат помалку штетни по здравјето, се штетни за луѓето, не само за околината.

Во извештајот (Surgeon General’s Report – SGR) од 2014 година, авторите предупредуваат:

„Постојат доволно докази да се заклучи дека зголемувањето на ризикот од аденокарцином на белите дробови е промената во дизајнот и составот на цигарите од 1950 – те години“.

Имено, бројни студии покажале дека постојат неколку прични поради кои филтрите ја зголемуваат штетата наместо да ја намалат, макар го намалуваат појавувањето на еден вид на тумор – сквамозниот рак на белите дробови.

Една студија објавена во 2017 година во магазинот Journal of the National Cancer Institute утврдила дека со менувањето на согорувањето на цигарата, овозможува поголема еластичност во консумирањето, така пушачите можат да вовлекуваат посилно за да би одржиле поголемо ниво на внесување на никотин и да создаваат лажна перцепција дека го намалуваат ризикот поради леснотијата на внесувањето на димот.

Товарот за чистење на филтирите треба да го сноси индустријата за производство цигари

Во последно време Светската здравствена организација (СЗО) и агенциите за храна и лекови, американската ФДА и европската ЕМА, бараат решение за на соодветен начин ги адресираат проблемите кои отпушоците ги претставуваат за здравјето на луѓето и околината.

Во својот извештај од 2017 година, СЗО истакнува дека трошоците за чистење и остранување кои се последици на пушењето, моментално не го сносуваат ниту произведувачите, ниту потрошувачите на цигарите, туку државните и локалните власти, што е неодржливо.

Авторите предлагаат да се воведат програмите Extended Producer Responsibility (проширена одговорност на произведувачките), за да тоа се смени и за да се смени штетното влијание на пушењето врз луѓето, животните и околината.

Планот на Европската комисија е да во ЕУ, финанскискиот товар за собирање и рециклирање на отпушоците од 2021 година, да го преземе индустријата за производство на цигари и да ги спроведе на компанија која не е зависна од нив. Со тоа планира и забрана за продажба на 11 производи од категоријата еднократни платики, како сламки и пластични чаши.

Некои критичати сметаат дека таквата забрана би можела да има негативни последици, како на пример, производство на артикли од хартија, односно картон, а со тоа и зголемувањето на сечата на шумите. Но новите истражувања покажуваат дека таквиот страв е неоправдан бидејќи не само што картонот е помалку штетен за околината, тој побрзо се разработува и лесно се рециклира за повторна употреба. Освен тоа, бројни групи на научници ширум светот, денеска пронаоѓаат нови материјали, како агар кој се добива од кување на алги кои можат да ја заменат еднократната пластика, но и нови начини за рециклирање на отпушоците во корисни соединенија.

Индустријата за производство на цигари би можела на пример, да развие помалку штетни филтри, да го олесни собирањето на отпушоци со вградување на дел за собирање на отпушоците во кутиите за цигари, да го финансира поставувањето на повеќе контејнери за нивно собирање на фреквентите места, да го преземе нивното рециклирање и т.н.

Извор: Index.hr