Светот на работникот

Починал градежен работник при струен удар

Починал градежен работник при струен удар -Работник
238views

На 08.07.2019 година во 12.15 часот во Полициската станица Кичево, од Здравствен дом Кичево било пријавено дека бил донесен починат Р.Т.(51) од с.Мамудовци, кичевско.

Лекар констатирал смрт како последица од струен удар.

Според пријавеното, Р.Т. настрадал при изведување на градежни работи. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извор: iportal.mk