ЗанимливостиМагазинПравда

Почина младо момче кое учествуваше во ТЕСТИРАЊЕ НА ВАКЦИНАТА – Оксфорд

Почина младо момче кое учествуваше во ТЕСТИРАЕ НА ВАКЦИНАТА - Оксфорд - Работник
76views

Волонтер кој учествуваше во испитувањето на вакцината – Оксфорд против вирусот корона почина, објавија здравствените власти на Бразил.

Станува збор за еден млад човек (28) кој почина на 19 октомври, како што беше соопштено, а причина за смртта биле „компликации од ковид-19“, објави бразилскиот весник „Глобо“.

Сè уште не е јасно дали станува збор за учесник во тест кој примил вакцина или плацебо.

Истрагата за овој случај е во тек, според бразилските медиуми, а здравствените власти објавија дека производителот на вакцината ги доставил сите потребни документи со цел да ги утврди сите околности, одбивајќи да даде детали заради приватноста на пациентот.

Универзитетот во Сао Паоло, кој учествува во третата фаза од клиничкото испитување на оваа вакцина, потврди дека станува збор за волонтер кој е од таа земја.

Бразилските здравствени власти објавија дека тестирањето на вакцината – Оксфорд во таа земја ќе продолжи.

Таканаречената Оксфордска вакцина ја развива Астра Зенека во соработка со Универзитетот Оксфорд, а третата фаза на тестирање се спроведува во неколку земји – Бразил, Велика Британија, Индија и Јужна Африка.

Неодамна беше прекината во Европа и САД поради два случаи на невролошко заболување кои што се појавија кај волонтери кои учествуваа во студијата.

Астра зенека сè уште не го коментирала случајот.

Извор: bizlife.rs