Почина уште еден новинар на Светското првенство во Катар
Светското првенство во Катар не престанува да зема жртви, брзо откако умре Американецот Грент Вол, доаѓа информација дека починал фото-новинар на телевизијата Ал Кас, Калид Ал Мусалам.
Илијадници работници починаа во изградбата на инфраструктурата за Светското првенство во Катар, а додека трае Мундијалот продолжуваат да умираат луѓе.
Досега медиумите јавија за три жртви. Најпрво навивач од Велс, потоа новинар од САД, а сега и фоторепортерот Калид Ал Мусалам.
Детали за неговата смртт нема, освен дека таа била изненадна.
قنوات الكاس تنعي وفاة خالد المسلم المصور بإدارة الإبداع، تغمده الله بواسع رحمته واسكنه فسيح جناته pic.twitter.com/OC3yo7o5lG
— قنوات الكاس (@alkasschannel) December 10, 2022