ЕкономијаМакедонија

Почна повратот на ДДВ за граѓаните

Почна повратот на ДДВ за граѓаните - Работник
207views
Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 % од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата Мој ДДВ за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември 2019 година, соопшти УЈП.
Досега е исплатен поврат кај 16 600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата Мој ДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.
Во првиот квартал од Мој ДДВ скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11,423,978,620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1,241,434,628 денари. Повратот од 15 % од платениот ДДВ е во висина од 186,215,194 денари.
Со подетални информации Управата за јавни приходи ќе излезе по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на Мој ДДВ коишто ги исполниле условите за поврат на 15 % од ДДВ.
Извор: Сител