МакедонијаСиндикат

Поштенските и телекомуникациските работници се приклучуваат кон протестот

Поштенските и телекомуникациските работници се приклучуваат кон протестот - Работник
1.01Kviews

Незадоволни од социјалниот дијалог со надлежните органи и социјалниот статус на вработените се еден дел од причините поради кои Синдикатот на поштенските и телекомуникациските оператори – СПТО се приклучува на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС кој ќе се одржи на 8 јуни пред Владата на Р. Македонија, истакна претседателот на синдикатот, Боро Велигденов.

Според него вработените во поштите и телекомуникациските оператори се соочуваат со големи тешкотии, кога се работи со социјалниот дијалог бидејќи повеќето од нив се во приватен сектор, каде што сопствениците се тие кои ги држат конците. А, оние коишто работат во јавниот сектор, особено во поштите, се под постојани политички и партиски притисоци.

„Како што е во сите установи кои се во државна сопственост, така е и кај нас. Политизираноста владее. Ние како синдикат се обидуваме да спроведеме поголема иницијатива во однос на овие проблеми, но нема одговор од другата страна, односно од нашите социјални партнери“, вели Велигденов.

Тој се надева дека со протестот пред Владата ќе успеат да го придобијат вниманието од надлежните органи и ќе седнат на заедничка маса за да изнајдат решение за проблемите кои ги засегаат работниците во телекомуникациските и поштенските оператори.

Што се однесува на вработените во приватниот сектор, за нив вели дека треба да се седне на заедничка маса со нивните работодавачи.