- Advertisement -
Магазин

По повеќе од 7 месеци, наставата започна во Вухан

По повеќе од 7 месеци, наставата започна во Вухан - Работник
163views

Сè уште постои опасност од ширење на вирусот корона

Во вторникот после седум месеци, училиштата повторно се отворија во кинескиот град Вухан. Додека сите со нетрпение очекуваат да се вратат во нормала, родителите и наставниците стравуваат дека вирусот повторно ќе се прошири. Вухан, од каде започна глобалната пандемија, дозволи отворање на повеќе од 2.800 образовни институции за скоро 1,4 милиони студенти.

Advertisement

Пред основното училиште „Вулуо пат“, животот се врати во нормала, децата се пред училиштето, родителите ги следат.

– За време на епидемијата, децата беа дома повеќе од половина година. И во сите аспекти, тие не можеа да се образуваат како што би биле на училиште – рече Веи Фанлинг, која ручаше со својот 12-годишен син. Таа рече дека му олеснало кога слушнала дека училиштето започнува повторно, но дека сепак ќе остане претпазлива.

Advertisement
Advertisement

„И покрај тоа што епидемијата е завршена, не смееме да ја сфаќаме лесно“, рече таа.

Додека образовните институции се обидуваат да ја остават изминатата бурна учебна година, тие сепак преземаат посебни мерки како што се редовно мерење на температурата кај децата.

Покрај тоа, властите ги советуваа родителите да го избегнуваат јавниот превоз што е можно повеќе. Автобусите се полупразни, а родителите ги возат учениците до училиште со автомобил или одат со електрични скутери.

Универзитетот Вухан го затвори кампусот со цел да спречи доаѓање на посетители кои не живеат таму. Сите студенти ќе бидат тестирани пред да им биде дозволено да се вратат. А, оние што ќе дојдат од странство, ќе треба да одат во карантин од 14 дена.

Advertisement