По се изгледа дека ќе се исполни пророштвото на постарите – Во Македонија ќе останат само пензионерите и функционерите
Македонија е во топ 10 земји од каде што заминале најмногу работници во Хрватска. Податоците на Министерството за внатрешни работи на државата велат дека точната бројка изнесува 13,412 македонски граѓани кои добиле дозвола за работа во Хрватска минатата година.
Во 2022 година, оваа бројка изнесуваше некаде над 10,000 работници, по што може да се заклучи дека сѐ повеќе и повеќе се зголемува бројот на македонски граѓани кои одат да работат во Хрватска. Ова е поразително за нас како држава, а особено за бизнис секторот кој кубури со работна сила.
Голем број од тие што заминуваат се сезонски работници, но дел од нив остануваат таму да работат.
Ако го земеме предвид и бројот на работници кои во 2021 и 2022 година се иселиле во Германија, кој изнесува 85,000, тогаш можеме слободно да констатираме дека Македонија се соочува со огромен егзодус на работна сила која би можела да придонесе за македонската економија. Ова се податоци на институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ кој претходната година ги објави истите и посочи дека во Германија живеат 222,000 луѓе од Македонија.
Сѐ уште нема податоци за тоа колку заминале во 2023 година, но претпоставката е дека станува збор за голема бројка.
Сето ова покажува дека Македонија пополека губи население. По се изгледа дека ќе се оствари она што го велат постарите луѓе – во Македонија ќе останат само пензионерите и функционерите.
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025