По Твитер и Мета се подготвува да дели откази?

Мета се подготвува да ги извести вработените за големи отпуштања оваа недела.

Ова, наводно, би можело да биде најголемиот круг во неодамнешниот бран на кратења на работни места во технолошкиот гигант по брзиот раст на индустријата за време на пандемијата.

Се очекува дека отпуштањата ќе погодат илјадници вработени, а соопштението се планира да дојде во среда, според оние кои се запознаени со одлуката. Мета пријави повеќе од 87.000 вработени на крајот на септември.

Претставниците на компанијата веќе им рекле на вработените да ги откажат несуштинските патувања почнувајќи од оваа недела, се вели во соопштението.

Планираните отпуштања ќе бидат првото големо намалување во 18-годишната историја на компанијата. Иако е помал процент од кратењето на работните места на Твитер минатата недела, бројот на вработени во Мета што се очекува да ги загубат своите работни места би можел да биде најголемиот досега во една голема технолошка корпорација за една година.