ЕкономијаМакедонија

По 20,000 евра државна помош ќе може да земат младите земјоделци

По 20,000 евра државна помош - Работник
505views

Добро е што има двојно поголема помош за младите земјоделци, но многу е важно парите да дојдат во вистински раце, затоа што порано се случуваше вработени во администрација да земат по 10.000 евра, вели Васка Мојсовска, претседателка на Федерацијата на фармери, пишува Слободен печат.

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој што се изгласаа во четвртокот, овозможуваат земјоделците на возраст до 40 години да добијат неповратни 20.000 евра. Во Законот и понатаму останува можноста за младите земјоделци, кои првпат стануваат земјоделци или го преземаат земјоделското стопанство да добијат по 10.000 евра, но се додава и нов член со кој може да се даде помош од 20.000 евра на оние што веќе егзистираат како земјоделци, а со цел одржливост и зголемување на земјоделското производство, објави Слободен печат.

Целосниот текст прочитјате го тука