СветСветот на работникотСиндикат

Правосудните работници во Србија можно е да влезат во генерален штрајк

Правосудните работници во Србија можно е да влезат во генерален штрајк - Работник
232views

Синдикатот на правосудството на Србија продолжува со едночасовниот предупредувачки штрајк во судовите и обвинителствата кој го започна пред четири дена, а размислува и за почеток на генерален штрајк, рече претседателката на синдикатот, Слаѓана Милошевиќ.

Милошевиќ навела дека штрајкот трае од 11 до 12 часот, а желбата на претставниците на синдикатот е да го привлечат вниманието на малкуте вработени наспроти многуте предмети во судовите и обвинителствата. За едночасовниот штрајк се известени и партиите и адвокатите со допис истакнат на шалтерите на архивите во судовите и обвинителствата.

Милошевиќ вели дека одѕивот на вработените е одличен, бидејќи „сите се умориле од разните лажни реформи кои не ја унапредиле, туку ја забавиле работата на правосудството.“ Порачува дека усвоените закони, без разлика на квалитетот на хартијата и фонтот на буквите, за кои не се обезбедени луѓе, финансии и згради да ја намалат пренатрупаноста на српските судови, ниту да ја подобрат борбата против криминалот и корупцијата.

„Вработените од Суботица до Врање солидарно застануваат со работата поради робовскиот статус на службениците и вработените на одредено време“, истакна Милошевиќ.

Таа напоменала дека претставниците на синдикатот разговарале со министерката за правда Нела Кубаровиќ за нивните проблеми. Доколку таа не и излезе во пресрет на проблемите, вели дека има можност работниците да влезат во генерален штрајк.

Милошевиќ не е задоволна со епилогот на реформите кои како што е објаснето, имале за цел да се растерат судовите и да се намали бројот на предмети.