ЕкономијаМагазинМакедонија

Пратки од „Амазон“ во Македонија ќе пристигнуваат преку Хрватска пошта

Пратки од „Амазон“ во Македонија - Работник
42views

Хрватска пошта, пред десетина дена, стана партнер на „Амазон“, а според некои извори услугата ќе ја нуди и на земјите од регионот вклучително и Македонија.

ДО 2020 година проментот на Хрватска пошта во просек растеше од 15 до 20 отсто годипно, а поради епидемијата скокна за 30 отсто. Слични трендови бележат и другите јавни поштенски служби во земјите од Европската унија, пишува хрватски „Пословни дневник“.

Иако во претходниот период се чинеше дека националните пошти, вклучително и Хрватска пошта, станаа малку архаични организации кои повеќе имаат социјален отколку пазарен карактер, такашто згрижуваат поголем број вработени од енда страна, а истовремено одржуваат нерентабилни порштенски канцеларии во рурални средини од земјите, како и на островите каде поштенскиот службеник може со леснотија да ги наброи сите корисници на услуги – технологијата бо еден бизарен склоп на околности всушност, ги спаси ваквите фирми.

Имено, на почетокот на 2000-тите поштенските служби, во сред либерализација, главно изгубија смисла затоа што на пазарот на пратки, а кој главно се состои од достава на писма, се најдоа нови, иновативни и добро организирани помали фирми, од кои некои досеганаа национални или глобални рамки. Но, тогаш, кон крајот на 200-тите нагло, најпрво во САД и во западна Европа, заживеа онлајн трговијата и се повеќе купувачи почнаа стоката да ја нарачуваат преку интернет, а по природата на нештата тоа подразбира доставен синџир.

Иако имаше обиди, а некои фирми тоа го прават и денес, во сопствен аранжман имаат нарачка, продажба и достава, повеќето сепак одлучија да се занимаваат само со нарачка и продажба, или дури и само со продажба, а доставата ја оставија на рпофесионалци. „Амазон“ секако е пионер во тој сегмент, за денес да стане трговија со милион вработени и годишен промет од 280 милијарди долари.

Поштите го раздвоија работењето

Иако „Амазаон“ има сопствени брендови и услуги кои ги продава, а преку нив, својата стока и услуги ја нудат околу пет милиони разни продавници. Иако глобално на пазарот постојат низа други доставни комапнии, како „DHL“, „FedEx“, „UPS“, „GLS“, „DPD“, а во поново време и платформите како „Uber“, „Wolt“, „Glovo“ и други, во дадена ситуација повторно на важност добија националните пошти. Иако, речиси сите такви пошти, вклучително и Хрватската, го раздрвоија своето делување со профитабилни пакетни достави од оние од доменот на задолжителни јавни услуги, факт е дека тие со својата големина, оргаизација, а по правило со државен грб, може да бидат доверлив партнер на големите играчи како што е „Амазон“.

Доказ за тоа е токму Хрватска пошта која пред десетина дена и официјално стана партнер на „Амазаон“ за овој дел од светот. За деталите никој не сака да зборува, а самата Хрватска пошта ја обврзуваат строги договои за доверливост, додека „Амазон“ едноставно има таква политика на затовреност поттикната од обвиненијата за искористување на своите работници во САД и Европа.

Но, факт е дека од овој месец пакетите за нарачка преку „Амазон“, а и не само од него, обработуваат во новиот сортен центар на Хрватска пошта во Велика Горица и од таму испорачуваат до купувачите. Се нагаѓа дека токму новото логистичко средиште на Пошта беше главен магнет за влез на „Амазон“ во Хрватска пошта. Сортирницата е отворена во септември лани, а се верува дека целиот проект бил забрзан за половина година токму поради интересот на „Амазон“. Вкупната вредност на целиот проект е околу 46 милиони евра, а во комплексот работат повеќе од 1.500 работници – сортирница, поштенска логистика пакетна логистика, превоз и возен парк, ИТ и центар за податоци, поддршка на работењето.

Високиот регионалнен магацин има капацитет од 8.000 пакетни места и е со носивост од 6.400 тони. Капацитетот на машината за автоматско сортирање на пакети е 15.000 пратки на час, со маса од 100 грама до 30 кг. Накратко, се работи за најголема инвестиција во историјата на Хрватски пошти, а комплексот воедно стана и ново средиште, па така во иднина од Велика Горица ќе се разнесува пошта во останатите краеви на Хрватска.

Поврзување со железницата

Покрај тоа, иако официјалните детали се тајна, порталот „Пословни дневник“ дознава дека овој дистрибутивен центар на Хрватски пошти ќе стане и средиште на доставата на „Амзаон“ за поширокиот регион – како што неофицијално се зборува за Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, но и за Македонија и Албанија, а некои извори тврдат дека Хрватска пошта може да ги опслужува и Словенија, Грција и Кипар.

Иако Хрватите подолго време купуваа стока онлајн, вистинска експанзија дојде со влезот на државата во Европската Унија, а тоа значеше дека повеќе нема никакви царински процедури и дополнителни давачки на купената стока. Од Хрватски пошти велат дека имале двоцифрен раст на прометот во сегментот на пакетна достава. Ситуацијата околу онлајн купувањето дополнително експлодира оваа година со појавата на пандемијата од Ковид-19 која донесе големи проблеми во целокупната светска трговија, но курирските фирми и онлајн продавниците забележаа значителен раст.

Само за пример, „Амазон“ кон средината на минатата година имаше околу 650 илјади вработени, а една година подоцна повеќе од милион. Од Хрватски пошти истакнуваат дека до оваа година просечно растеле за 15 до 20 отсто годишно, а со локдаунот прометот им скокнал за 30 отсто во однос на истиот период лани. Слични трендови имаат и многу други поштенски служби во земјите на Европската Унија.

Интересно е дека бизнис моделот на опоравување на поштенските служби во ЕУ се повеќе почнаа да го корситат и традиционалните железнички превозници, повеќе или помалку во јавна сопственост. Имено, на зелената агенда на ЕУ која последните 10 години високо котира во фокусот на Унијата. а во наредниот период ќе биде и уште повеќе, се повеќе земји влегуваат во проекти високосубвенционирани од страна на европските фондови, како што се обновата на железничките изнфраструктури и возниот парк, затоа што таквиот промет е подобар од еколошка гледна точка од патниот сообраќај. И Хрватска е на тој пат.

 
 
 
 
 
Advertisement