Наука

Првата снимена ѕвезда како Сонцето со две планети, секоја поголема од Јупитер

Првата снимена ѕвезда како Сонцето со две планети, секоја поголема од Јупитер - Работник
135views

ТЕЛЕКСОПОТ (VLT) на Европската јужна опсерваторија (ЕСО) ја има направено првата фотографија во историјата на една млада ѕвезда која наликува на Сонцето како орбитира околу две гигантски егзопланети.

Неодамна, научниците на ЕСО објавија уште една фасцинантна фотографија од VLT, која покажува раѓање на нов планетарен систем (на сликата подолу). Сега, преку истиот телескоп, тие направија директна фотографија на планетарниот систем на ѕвезда што личи на нашето Сонце, што е оддалечено од нас 300 светлосни години. Името на оваа ѕвезда е TYC 8998-760-1, пишува ЕСО.

„Можевме да фотографираме околина што е многу слична на нашиот сончев систем, но во многу порано ниво на нејзиниот развој“, рече астрономот Александар Бон од универзитетот Лајден во Холандија.

Првото вакво снимање

„Иако астрономите досега индиректно откриле илјадници планети во нашата галаксија, директно се снимени само мал дел од овие егзопланети“, објасни астрономот Метју Кенвајти од универзитетот Лајден, додавајќи дека „директните набљудувања на егзопланетите се важни при наоѓање на околини каде е можен живот“.

„Директната слика на две или повеќе егзопланети кои орбитираат околу истата ѕвезда е уште поретка; досега се забележани само два вакви системи, и двете sвезди значително различни од нашето Сонце. Новата слика од VLT е прва директна слика на повеќе од една егзопланета „Првата директна фотографија на егзопланета е направена во 2004 година, исто така, преку VLT“, додаде Кенворли.

Две точки кои се всушност поголеми од Јупитер

Двете планети можат да се видат на оваа нова слика како две светли точки лоцирани десно од нивната матична ѕвезда. Со сликање неколку различни фотографии, научниците успеаја да ги разликуваат овие планети од ѕвездите во позадина.

Точките на фотографијата претставуваат два гас гиганти кои имаат многу поголема маса од Јупитер, најголемата планета во Сончевиот систем. Планетата поблизу до ѕездата TYC 8998-760-1 има 14 пати поголема маса од Јупитер, додека другата  пооддалечена планета  е шест пати поголема.

Нивната матична ѕвезда е стара само 17 милиони години, а Бон го опишува како „многу млада верзија на нашето Сонце“.

Извор: Index.hr