ЕкономијаСветСветот на работникот

Прва голема компанија која ќе им овозможи на вработените трајно да работат од дома

Прва голема компанија - Работник
162views

Американската компанија Твитер планира да им одобри на некои од вработените трајно да работат од дома, дури и кога мерките за изолација поради сузбивање на корона вирусот бидат потполно укинати.

Оваа американската социјална мрежа е првата голема компанија од технолошката индустрија која презела драстични одлуки за работа од далечина.

„Ако нашите вработени имаат улога и положба која им овозможува да работат од дома и ако тие сакаат трајно да работат на овој начин, тоа ќе им го овозможиме“, рекол портпаролот на Твитер, Франс Прес.

„Инаку, нашите канцеларии топло ќе ги примат со некои дополнителни мерки на претпазливост кога ќе процениме дека повеќе не е ризик да се вратат“, додал тој.

Компанијата навела дека со многу ретки исклучоци, канцелариите ќе останат затворени до септември и дека секое повторно отворање ќе биде смислено, постепено и ќе зависат од случај до случај.

Нема да има никакви патувања пред септември и поголемиот број на настани на компанијата предвидени за 2020 година, каде е потребно физичко присуство се откажани.

Како што пренесува веб страна БузФид Њујс, овие упаства ги пренел шефот и основачот на Твитер, Џек Дорски во мејлот пратен до вработените.

Твитер во средината на март веќе дал инструкции на своите вработени во светот да работат од дома, за да се изборат со ширењето на вирусот.

Слични одлуки донеле и други Интернет компании за да ги заштитат своите вработени. Меѓу нив се, Гугл, Ејпл и Фејсбук. Гугл и Фејсбук го преместиле враќањето во канцелариите за 2021 година.

Advertisement