Правда

Прва конференција посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Прва конференција - Работник
237views

Во Скопје денеска се одржува конференцијата посветена на трудовото и социјалното право. Конференцијата е во организација на новоформираното Здружение за трудово и социјално право на Северна Македонија, чиј претседател е професорот по трудово право Тодор Каламатиев, а почесен претседател е професорката Гзиме Старова.

Организирањето на конференцијата кореспондира со прославата на 100-годишниот јубилеј од конституирањето на Меѓународната организација на трудот (МОТ). На конференцијата ќе говорат универзитетски професори и познати експерти по трудово и социјално право од земјата и од регионот, како и претставници на синдикатите и на бизнис-секторот.

Во своето воведно обраќање професорот Каламатиев истакна дека стратешките цели на Здружението се проучувањето, унапредувањето и популаризирањето на трудовото и социјалното право во Македонија, пишува Академик.

Целосниот текст прочитајте го тука