ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Прво локално партнерство за вработување и за креирање повеќе и подобри работни места

Прво локално партнерство - Работник
208views

Намалување на невработеноста, особено меѓу младите и жените, развивање работни вештини и искуства, како и креирање нови, подобри работни места во локалната економија, се главните цели на првото Локално партнерство за вработување (ЛЕП) кое во нашата земја го поддржа Меѓународната организација на трудот (МОТ) во рамки на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

„Соочени со последиците од кризата предизвиката од КОВИД-19, со прогноза од околу 40.000 загрозени работни места во земјата, локалните партнерства за вработување може да послужат како алатка за рестартирање на пазарот на трудот на локално ниво, со наменски креирани решенија за конкретните предизвици со кои се соочуваат локалните заедници. Искуството на МОТ со спроведување на ЛЕП покажало дека тие претставуваат ефективен механизам за креирање на работни места“, изјави Маркус Пилгрим, директор на МОТ за Централна и Источна Европа.

Повеќе прочитајте на Денар.мк
Advertisement