Прв здравствен работник заразен од Ковид – 19 во Крива Паланка – Вкупно има 782 заразени во државата
Време за читање помалку од минута
Во Општина Крива Паланка денеска Институтот за јавно здравје го регистрира првиот случај на здравствен работник, заразен од коронавирусот.
Инаку, податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека заклучно со 16 август, во Македонија се заразиле вкупно 782 здравствени работници, а 663 од нив оздравале.
„Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), регистрирани се 782 (6,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Latest posts by Портал Работник (see all)