СветСветот на работникотСиндикат

Преглед на образовните системи во земјите на ОЕЦД: Неусогласеноста на платите е најголем проблем во образованието

Преглед на образовните системи во земјите на ОЕЦД - Работник
115views

Овогодишниот извештај на Организацијата за Економска Соработка и Развивање – ОЕЦД покажува дека терцијалното образование им овозможува на индивидуите вистинска предност во пазарот на труд. Ги истражува и неколкуте фактори позади недостатоците на просветните работници откривајќи дека родовата нееднаквоста и неусогласеноста на платите во образованиот сектор се голем дел од проблемот, пишува Европскиот Комитет на синдикати од образование – ЕТУЦЕ на веб страната.

Од ЕТУЦЕ истакнаа дека секоја година ОЕЦД го објавува извештајот за Преглед на Образованието кој нуди преглед на образовните системи во земјите – членки на ОЕЦД. Овогодишниот извештај беше објавен на 10 септември 2019 година и ги презентира деталните информации и податоци на сите нивоа на образованието, со најголем фокус на високото образование. Извештајот ги покрива сите земји на ОЕЦД, како и државите партнери, како, Бразил, Руската Федерација, Аргентина, Кина, Колумбија, Коста Рика, Индија, Индонезија, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

Извештајот ги собира и анализира податоците на теми како:

  • Исходот на образовните институции и влијанието на учењето;
  • Пристап до образование, како и учество и процесот;
  • Финансиските ресурси инвестирани во образованието;
  • Улогата на просветнтие работници и работната средина;
  • Организацијата на училиштата.

Од ЕТУЦЕ наведоа дека еден од фокусите е насочен кон високото образование на индивидуални тракетории. Наодите покажале дека стапката на вработеност помеѓу возрасните со терцијално образование е околу 9 проценти повисока од оние кои имаат само средно образование. Кога станува збор за заработката, влијанието на високото образование е уште поголемо. Терцијалното образование води кон плати кои просечно се за 57 проценти повисоки. Понатаму, зголеменото финансирање во изминатите 10 години ја поддржало експанзијата на терцијалното образование во многу земји – членки на ОЕЦД.

Но, некои насоки се повеќе популарни од другите. Извештајот покажува дека секторите со висока побарувачка, како инженерството или компјутерските науки, се мачат да пронајдат вешти работници. Само 14 % од дипломците добиле дипломи во инженерство или производство и само 4 проценти ги одбрале насоките – информациски и комуникациски технологии.

Што се однесува на просветната професија, извештајот нуди интересни факти за недостатокот на просветни работници во многу земји – членки на ОЕЦД, На пример, податоците во извештајот покажуваат дека само 10 проценти од наставниците и професорите се под 30. Ова занчи дека Владите треба да инвестираат во професијата за да го зголемат вработувањето и задржувањето на просветните работници и да го надоместат пензионирањето на постарите работници.

Според извештајот, еден проблем којшто има ефект врз атрактивноста на просветителската професија е неусогласеноста на платите. Во повеќето земји на ОЕЦД, платите на просветните работници се зголемуваат согласно нивото на образованието во кое предаваат. На пример, во Белгија и Норвешка, наставниците заработуваат 30 проценти помалку од нивните колеги во средните училишта, иако имаат исто искуство. Оваа ситуација е особено загрижувачка бидејќи 83 проценти од просветните работници во основните училишта се жени во државите кои се анализирани во извештајот. Во средното образование, 60 проценти се жени, а во терцијалното или високото образование се само 40 проценти.

Според ОЕЦД, причината за високата пропорција на женски просветни работници во основното образование може да биде економска. Покажано е дека машките просветни работници заработуваат помалку од мажите кои имаат слично ниво на образование во другите професии. Од друга страна, жените заработуваат исто колку и жените со исто ниво на образование во другите професии. Во овој контекст, ЕТУЦЕ уште една ја искажува важноста на справување со родовата сегрегација во просветителската професија. Тие ја нагласија и критичната улога која образовните синдикади ја играат во овој процес.