КолумниПравда

Предизвици пред одредбите на Законот за укажувачи

Предизвици пред одредбите на Законот за укажувачи - Работник
304views

Автор: Проф.Д-р Лазар Јовевски

Со Законот за укажувачи се уредува заштитеното пријавување, правата на укажувачите, и постапувањето и обврските на институциите и правните лица во врска со случај на заштитено пријавување, и обезбедување на заштита на укажувачите (свиркачите).

Заштитеното пријавување според овој Закон претставува пријавување до надлежните институции со кое се пренесува разумно сомневање или сознание дека некое недозволиво или незаконито постапување е извршено, се извршува, или постои веројатност дека ќе се изврши, а истото го повредува или загрозува јавниот интерес

Укажувачот е лицето кое со добра намера извршува заштитено пријавување на постапувањето, во согласност со овој Закон. Категории на лица, според овој Закон, кои можат да бидат укажувачи се лицата кои имаат засновано неопределено или определено време во институцијата или правното лице за кое пријавуваат; кандидат за вработување, за волонтерство или практиканство во институцијата или правното лице за кое пријавувува, или доколку е вработен, волонтер или пракикант во истата; лицата кои се ангажирани за извршување на работа по било кој основ во институцијата или правното лице за каде што пријавува; лице кое по било кој основ соработува со институцијата или правното лице за кое се пријавува; лице кое користело услуги во институцијата, правното лице, јавниот или приватниот сектор за каде што се однесува пријавувањето.

Под јавен интерес кој е загрозен во согласност со овој Закон се подразбираат основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот на Македонија, и признати со меѓународното право, и нивната заштита, спречување на ризикот по здравјетп на луѓето, одбраната и безбедноста, заштитата на животната средина и на природата, заштитата на сопственоста и на слободата на пазарот, претприемништвото, владеење на правото, и гарантирање на демократија (иако гарантирањето на демократијата не е изричито наведена во овој Закон), и спречување на криминалот и корупцијата.

Членовите 4, 5 и 6 се однесуваат на заштитено пријавување (внатрешно, надворешно и јавно пријавување). Лицето може да пријави кај раководниот орган или кај овластено лице за укажување. Сметаме дека овој вид на пријавување нема да даде некој посебен ефект, и ќе го доведе лицето кое што пријавило да биде загрозено од ситуацијата.

Кај внатрешното пријавување најлесно може да дојде до заташкување на работата, па дури и ако лицето отпосле сака да пријави надворешно во некоја од институциите, нема докази за истата пријава.

Заштитеното внатрешно пријавување во Законот за укажувачи е претставено како доста комплицирано, и сметаме дека е потребно да се поедностави постапката или да се избрише целосно од Законот. Во овој дел Законот најповеќе може да наиде на потешкотии за имплементирање. Постои голема процедура за пријавителот на случајот, со оглед на тоа дека има понудено повеќе можни опции на пријавување, и многу лесно може да дојде до конфузија или пасивност кај пријавителот, и на крај воопшто случајот да не го пријави.

Со оглед на сето ова, сметам дека особено членот 4 е многу тешко да се имплементира во пракса. Кај овие членови има потреба од поедноставување, пред се во однос процедурата за пријавувањеда се направи полесна и поефикасна, а со крајна цел полесно и поефикасно да се обезбедува заштита на укажувачите.

Исто така делот уреден во членовите 8 и 9,за заштита на укажувачите се чини дека се прилично комплицирани членови кои содржат многу процедура, и ретко кој лаик во правото ќе може да го разбере и да го имплементира овој дел од законот. Покрај се ако се земе во предвид Извештајот на Државната комисијата за спречување на корупција од 2017 година недвосмислено може да се воочи дека се нема институционален капаците за спроведување на овие законски решенија, како и недостаток на политичка и поширока општествена култура за примена на вака радикални решенија. Ова особено и од аспект што во стопанството овие законски решенија се тешко применливи и истите се во колизија, а во одредени случаи и се преплетуваат со одредбите кои се однсуваат на заштита на вработените на работното место.

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги одразува официјалните ставови на Порталот Работник.