Правда

Предлог-законите за основно образование и за наставници и стручни соработници денеска влегоа во собраниска процедура

Предлог-законите за основно образование - Работник
312views

Предлог-законите за основно образование и за наставници и стручни соработници во основно и средно образование денеска влегоа во собраниска процедура откако Владата ги усвои на седница минатиот вторник.

Матичната собраниска комисија на седница денеска речиси три часа го утврдуваше дневниот ред со овие две точки затоа што пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа одложување на седницата бидејќи текстовите на предлозите ги примиле завчера и немале време внимателно да ги разгледаат за да влезат во материјална расправа. Сметаат и дека со тоа што е закажана, според нив избрзана комисиска седница, а предлозите не се ставени и на 106-тата пленарна за 23 јули, односно по три работни дена од комисиската, се крши член 140 од собранискиот Деловник, објави Независен.

Целосниот текст можете да го прочитате тука