- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Предлозите на угостителите слушнати се чека решение

Предлозите - Работник
135views

Претставниците на туристичко угостителскиот сектор до понеделник треба да ги достават сите нивни предлози за начинот на поддршка од државата, но и за користењето на Фондот за туризам преку кој сега се на располагање 95 милиони денари. Веќе се размислува и за мерките со кои би се вратиле повторно во нормално работење за кое постои размислување да биде за неполн месец.

На средбата министрите за финансии и економија заедно со стопански комори од секторот кои се дел од координативното тело за превенција од можни штети од корона вирусот, дискутираа за нејаснотиите околу постојните мерки и им беа претставени измените на  условите за користење на поддршката со новите владини уредби, а за кои што имаше реакции од угостителите изминатиот период.

Мартин Ангеловски од Групацијата на угостители во Туристичко угостителската комора,  истакна дека состанокот беше конструктивен со позитивен дијалог и се разговараше за сите нови мерки и  за нивните предлози што сакаат да ги достават.

„Во делот за новите мерки, односно уредби што ги донесе Владата, покажаа позитивен чекор за некои од работите што ние ги укажувавме  и се надеваме дека ќе продолжи ваквата соработка. Ќе се потрудиме да ги пренесеме најдобро што можеме нашите мерки. На прво место во сите мерки што ги разговара угостителскиот сектор приматот го става на тоа како да ги задржиме нашите работници и како да добиеме најмногу средства за нив.  Ние гледаме да направиме се што можеме како угостители за целиот овој процес да оди во позитивен правец. Има уште многу работи да се договорат, но како што кажав се надеваме дека ова ќе биде еден добар позтивен тренд,“ изјави Ангеловски.

Дополнително ќе ги анализираат измените на уредбите, а од Министерството за финансии побараа толкување за повикувањето на законот за постапувањето  при виша сила. Даден е и предлог во контекст на нивните примарни барања да се добие минимална бруто плата за вработените во секторот.

Advertisement
Advertisement